370
Рудолф Џулијани, кој беше личен адвокат на Доналд Трамп, во средата се предаде во затворот во Џорџија, под обвинение дека тој и уште 17 лица незаконски се обиделе да ги променат резултатите од изборите во 2020 година во таа американска држава, кои Трамп ги загуби.
На Џулијани му беше наложено да плати кауција од 150.000 долари и да не ги заплашува другите обвинети или сведоци во случајот, пренесува Ројтерс повикувајќи се на судски документи, пренесува Voice of America.
Седумтемината обвинети против Трамп од страна на обвинителката на округот Фултон, Фани Вилис, веќе се предале во затворот во округот Фултон во Атланта, според окружните документи.
Џулијани пред да замине ги негираше наводите во обвинението и го бранеше Трамп во Њујорк.