Превентивно се повлекува од пазарот млечната формула Novalac 1, 400 гр, серија 9903524, со рок на употреба до 24/09/2019, на производителот UP Medi-Europa SA, со потекло од Франција.
Како што соопшти компанијата Медис д.о.о., Претстaвништво Скопје, дистрибутер на производите Novalac Медис, причина за повлекувањето е евентуално присуство на несоодветна содржина на естер на масни киселини (3-MCPD, глицидил естер), утврден во анализата.
За да се избегнат какви било можни негативни последици врз здравјето, од компанијата советуваат купувачите да не го употребуваат Novalac 1, 400 гр, серија 9903524, со рок на употреба 24/09/2019. Купувачите можат да го вратат производот од оваа производна серија во аптека и ќе им бидат вратени паричните средства.
Купувачите може да добијат дополнителни информации на info@novalac.mk, како и на телефонските броеви 00389 22603604 и 00389 786 42 772.