ВМРО-ДПМНЕ: Таравари да не се сили многу, да не дојде време да го моли ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

„Само што помисливме врз основа на CV-то на Таравари ќе биде солиден министер кој ќе си ја гледа министерската и стручна работа, ние веќе гледаме разулавен националист, кој едвај чека да влезе во конфликт по национални, етнички и партиски прашања, реагираа преку писмено соопштение од ВМРО-ДПМНЕ на вчерашните изјави на новиот министер за здравство.

– Му порачуваме многу да не се сили, да не скока, да се приземји, да не дојде брзо време да го моли за нешто ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно нема доволно политичко искуство, па ако станал министер мисли дека вечно тоа и ќе биде, и веднаш ја покажува својата ароганција и ксенофобичност. Можеби тоа ќе му се допадне на неговиот шеф кој се храни со националистички и шовинистички изјави и со говор на омраза, но сигурно не е добра препорака за мнозинството граѓани кои очекуваат од него да го подобри здравството со реформи, а не без да е предизвикан да се кара со политичките партии и да се однесува незрело – се наведува во партиското соопштение.

 

Поврзани новости