Денеска на просторот околу Велешко езеро се одржа акција за пошумување каде беше уништено многу шума.
„Канцеларијата за контакт со граѓани на пратениците Панче Иванов и Агим Муртезанов организираше акција за пошумување на опожарениот реон на езеро Младост.
Се пошумува опожарената површина кај Велешко езероДенес 20.12.2019 година, канцеларијата за контакт со граѓани на…
Publiée par ЈП Национални шуми sur Vendredi 20 décembre 2019
Акцијата се оствари во соработка со Шумско стопанство „Бабуна“ – Велес, подружница на ЈП Национални шуми, а
финансиски е поддржана со грант од мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Во денешната акција учествуваа и членови на младинската бригада од здружението “Акцијаши” – Велес. Со ангажирање на овие млади волонтери сакаме да ја подигнеме свеста кај младите за значењето на овие зелени површини, нивната еколошка вредност, и потребата од заедничка соработка за нивно одржување, зачувување и заштита во иднината“, соопштија од ЈП Национални шуми.
ФОТО – ФБ ЈП Национални шуми