Се појави нова снимка од Мицкоски во теретана, тој тврди дека е од пред шест месеци

by fokus

Денеска на социјалните мрежи беше објавена снимка од теретана на која се гледа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со неговото обезбедување.

Во коментарот на снимката, пак, се наведува дека Мицкоски повторно „ги прекршува мерките“ и “оди во теретана која отвара само за него”.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, пак, ја негира информацијата и обвинува за лаги креирани и платени од Бихаќка.

„Не е толку срамно што објавуваат без да прашаат, туку е срамно што лажат континуирано и бесрамно. И нема ниту една лага да не им се распрсне и дознае. Веќе е совршено јасно дека зад ваквите лаги стојат повеќе квази пиарџии платени со државни пари, и еден центар на моќ сместен на Бихаќка.

Дечки повторно грешка, снимката е стара најмалку половина година, туку сега што правиме со тендерите во Дрисла, со новата блокада на патот кон ЕУ, со пљачката која ја правите со новата акциза, со економската криза и нарушеното здравје на граѓаните. Незрелото однесување на СДСМ значи ново пробиено дно. Сосема на крај, сепак има разлика. Да, јас спортувам, а вие крадете. Да, јас планинарам, а вие ја срамите и распродавате Македонија и да, ќе продолжам да вежбам кога ќе се создадат услови, а вие сепак на крајот од денот ќе останете ситни луѓе и јас ве жалам!“, вели Мицкоски.

Поврзани новости