Се појави галерија со погребни слики на амбасадорите во Македонија

by fokus

На интернет и на социјалните мрежи се појави анонимна галерија со слики од амбасадорите во Македонија во погребни рамки и црни ленти.

Вакви слики има за амбасадорите на САД, Германија, Франција, Велика Британија, Италија, ЕУ, како и поранешниот медијатор во пржинскиот договор Питер Ван Хојте и европратеникот Ричард Ховит.

Претходно, Никола Груевски читајќи го прогласот на ВМРО-ДПМНЕ пред ДИК ги повика амбасадорите да не се мешаат во политиката на Македонија.

 

Поврзани новости