Се отвораат нови простории на бугарскиот Културен центар, улицата Никола Вапцаров целосно блокирана

by fokus

Бугарскиот Културно-информативен центар денеска отвора нови простории во Скопје.

Новото седиште на Центарот кој е под капата на бугарското Министерство за култура е на улицата кое го носи името Никола Вапцаров, кое е и името на македонскиот Клуб кој беше отворен во Благоевград.

Улицата која излегува од плоштадот Македонија е целосно затворена, никој не се пропушта и има силно полициско обезбедување.

На свеченоста ќе присуствува директорката на Центарот, Антонија Велева, министерката за култура на Македонија, Бисера Костадиновска – Стојчевска и нејзиниот бугарски колега Велислав Минеков.

Бугарскиот културен центар во Скопје е основан во 2006 година по Договорот меѓу владите од април 2003 година.

К.С.Б.

 

Поврзани новости