Слободан Унковски денеска го најави отворањето на новиот културен центар „Кино култура“. Основачи на овој центар се организациите „Театарот на навигаторот Цветко“ и „Локомотива“, а партнер е општина Центар, со помош на домашни и странски донации.
-Кино Култура е резултат на една иницијатива што трае подолгов време. На старото кино Култура што е градено во 30-тите години на минатиот век сега му се менува функцијата во еден мултифункционален, мулти уметнички, каде што ќе се развиваат разни активности, во областа на изведувачклите уметноси и во другите облици на накултурата. Киното Култура не работеше последните 10-15 години и се направи комплетно нова конструкција на сцената и на гледалиштетот која што се разликува од другите театри во Скопје, бидејќи е сцената на исто ниво со гледалиштето и е погодна за модерен, современ пристап во она што го работиме во театарот, изјави Унковски.
Директор на „Кино Култура“ ќе биде режисерот Александар Поповски, а за програмата ќе одлучува управен одбор, составен од професионалци од независната културна сцена и од граѓани. Свеченото отворање е најавено за утревечер во 20 часот со концерт на Фолтин и со скопската премиера на „Ајнштановите соништа“ во режија на Слободан Унковски.