Чешка ќе и даде 770 илјади евра на Македонија како помош за бегалската криза

by Фокус

Чешката Влада одлучи да и додели 770 илјади евра на Македонија како помош за справување со бегалците. Освен ова, Чешка ќе испрати и 25 полицајци кои ќе и помагаат на македонската полиција. Тие ќе престојуваат во Македонија од средината на јануари до крајот на февруари следната година.

-Чешка ќе продолжи со помошта за совладување на бегалските бранови во Европа. По Унгарија и Словенија ќе испратиме полицајци и во Македонија, каде ќе помагаат со оддржување на редот, изјави чешкиот премиер Бохуслав Соботка.

Парите од Чешка, Македонија ќе може да ги искористи  за набавка на опрема и изградба и опремување на бегалските кампови.

Поврзани новости