Се отстрануваат трафиките кај Зелен пазар (Видео)

by fokus

Општина Центар денеска со градежна механизација ги отстрануваше трафиките поставени кај Зелен пазар односно спроти поранешната Градска болница во центарот на Скопје.

Се работи за вкупно пет времени објекти, четири киосци и една трафика кои не поседуваат решенија за поставување на времен објект, а отстранувањето ќе биде на трошок на сопствениците, велат од општина Центар.

-Откако инвеститорите, односно сопствениците на времено поставените објекти не постапиле по решенијата издадени од Секторот за инспекциски работи и сами не ги отстраниле објектите, општината денес пристапи кон административно присилно извршување, односно уривање и отстранување на објектите. Акцијата на Секторот за инспекциски работи за отстранување на нелегално поставените и изградени објекти ќе продолжи и во наредниот период, со која ќе бидат опфатени вкупно 18 објекти кои не поседуваат соодветна документација за истите, соопштуваат од општина Центар.

 

Поврзани новости