Со сослушување на сведок во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за случајот „Монструм“ на СЈО. Судијата Огнен Ставрев и Фатиме Фетаи од СЈО го испрашуваа сведокот Ахмет Беќир.
По еден час испрашување од судијата Огнен Ставрев и Фатиме Фетаи од СЈО на сведокот Ахмет Беќир му се слоши и се онесвести, по што судењето беше прекинато.
Сведокот Беќир пред Судот кажа дека еднаш до двапати месечно со пријателите одел на рибарење на Смилковско езеро и на 12 април заедно со другарите бил од околу 10 часот додека се стемни на Смилковското езеро. Тој на Езерото дошол со моторче со приколка, не се сеќава убаво што видел, бидејќи било темница.
Масакрот кај Смилковското Езеро се случи на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.
За петкратното убиство беше отворен предмет „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.