Амбасадорот на Србија во Бугарија Жељко Јовиќ вечерва изјави дека вршителот на должноста на српската амбасада претпладне ќе ги посети децата од Србија повредени во автобуската несреќа на автопатот Тракија и дека ќе се види што понатаму може да направи српската амбасада.
Јовиќ за Танјуг изјави дека засега нема многу информации за несреќата на српскиот автобус во Бугарија, но потврди дека од колегите од Министерството за надворешни работи на Бугарија дознал дека членови на фолклорниот ансамбл Ју-Лира од Батајница биле патување во автобусот.
-Информиран сум дека има полесни и наводно тешки повредени патници, но за степенот на повредите ќе можеме да зборуваме дури кога ќе добиеме информација од единствените надлежни институции, а тоа се Министерството за здравство на Бугарија и болницата Стара Загора. Сите ми потврдија дека нема мртви и дека нема некој со видливи тешки повреди, што е најважно со оглед на тоа дека се работи за нашите деца – изјави Јовиќ.
Амбасадорот потврди дека сите надлежни институции во Бугарија се максимално вклучени.
-Барем во тој сегмент можеме да бидеме сигурни дека нашите деца ќе добијат целосна поддршка – рече тој.
Како што јави бугарски Јуроњуз, неколку лица се повредени денеска кога автобус со српски регистерски таблички со 38 деца и 11 возрасни лица од Србија се превртел во Бугарија, на автопатот Тракија.
Официјално, хоспитализирани 12 патници, од кои осум деца и четворица возрасни. Најмлото има 6 години.