Мајката на монструмот од Цетиње: Подобро што и тој е мртов

by Фокус

Два дена по масакрот во Црна Гора, Светлана Бориловиќ, мајката на Вук Бориловиќ, жителот на Цетиње кој уби десетмина сограѓани не може да поверува дека нејзиниот син во крвавиот пир убил 10 луѓе, меѓу кои и две деца на своите станари, а на крајот и самиот паднал од куршум.

Во изјава за српски „Телеграф“, таа посочува дека е подобро е тој повеќе да го нема кога веќе направил злодела. Таа изјави дека Вук имал прекин во филмот и дека направил се несвесен за страшните последици. Според неа, ништо не навестувало трагедија.

-Без душа сум и не знам дали ќе ја преживеам оваа голгота. Како може ова од моето дете да ми се случи, цел град и држава да го зацрнам?! Зошто, синко, постојано се прашувам, а одговорот никогаш нема да го добијам – вели Светлана.

Таа додава дека Вук не бил проблематичен, дека бил мирен човек кој изгледа „пукнал“ поради малтретирањето на работа.

-Трпеше притисок четири-пет години, а работеше како шеф на обезбедувањето во Националниот парк Ловќен. Ќе признаам, забележав дека е понервозен во последно време, но не правеше проблем. Беше примерен и како татко на семејство и како сосед – вели таа.

Таа нагласува дека нејзиниот син не бил во конфликт со ниту една од жртвите.

-Нашите станари Мартиновиќи се вселија пред само два месеци. Тој немал никаков конфликт со главата на тоа семејство, Милош. Мојот син не се тепаше со сопругата или со некој од семејството. Имаше хармоничен брак и прекрасни деца. Сите овие луѓе ги уби во момент на нервен слом, па трагедијата и маките се уште поголеми – изјави Бориловиќ.

Поврзани новости