Се одржаа „контрапаради“ за семејни вредности во Битола и Скопје

by Fokus

Противниците на вчера одржаниот ЛГБТ „Прајд“ во Скопје денеска организираа два своевидни контрапротести, кои ги нарекоа „за зачувување на семејните вредности“.

На денешните настани во Битола и Скопје се собраа забележливо помал број луѓе во споредба со вчерашниот во Скопје.

Како што јавуваат локалните медиуми, на плоштадот “Магнолија“ во Битола се одржа „општ семакедонски Собор за заштита на семејните вредности“, на кој се зборуваше за семејството како еден од најважните столбови на едно здраво и нормално општество, а потоа се одржа и марш по „Широк Сокак“.

Фото Битола Њуз

Поврзани новости