Вооружен инцидент во Вашингтон, повредени најмалку осум лица

by Fokus 23:10
23:10

Најмалку осум лица се ранети во вооружениот инцидент на забава во градот Такоми во американската сојузна држава Вашингтон, јави CNN.

Повредените лица се пренесени во болница и моментно се во стабилна состојба.

„Дошло до караница, после која почнало и пукање од огнено оружје“ – соопштија од локалната полиција.

Истрагата е во тек, а полицијата не го откри идентитетот на лицата одговорни за инцидентот.

Поврзани новости