Се одржа меморијалот „Димитар Кангов – Кангата“: МАЛИОТ ВАНЕ Е МАКЕДОНСКИОТ СПАЈДЕРМЕН

by fokus
За време на викендот триесеттина планинари од три планинарски друштва од Неготино – ПД Серта, ПД Неготино МКД и FREE HIKERS предводени од домаќините ПД Кожуф од Гевгелија, во рамките на Меморијалот „Димитар Кангов – Кангата“ се искачија на Зелен брег кој што се наоѓа на 2.172 метри надморска височина, и е највисокиот врв на планината Кожуф во земјава.
thumbnail_vane-bosev16
Вистинска атракција за време на подвигот на планинарите бил најмладиот планинар од Неготино, деветгодишниот Ване Бошев кој што заедно со уште неколку планинари од Неготино и Гевгелија освен освојувањето на Зелен брег,  се искачил и на врвот Мала Ѕена на 2.182 метри надморска височина, кој што се наоѓа на територијата на соседна Грција. Иако е сеуште дете, Бошев рамо до рамо со искусните планинари уште од мали нозе, со неполни три години, започнал да ги освојува планинските врвови. Тој е еден од 500-те млади спортисти од Република Македонија на кои Агенцијата за млади и спорт им додели стипендии за нивен развој и унапредување на спортските постигнувања. Стипендијата која ќе ја добива Ване Бошев ќе изнесува 20 отсто од просечната нето плата исплатена во Република Македонија во предходната година или околу 4.400 денари на месец во текот на 10 месеци од годината. Тој и неговиот татко Орданчо, велат дека стимулот од овој тип ќе значи многу за нив и ќе придонесе за и понатаму да продолжат со напорна работа и остварување значајни резултати на спортски план.
thumbnail_vane-bosev17
Четврто одделенецот Ване, кој што ги освојува планинските врвови во придружба на неговиот татко, досега се има искачено на над 90 врвови на Балканот и во Европа. Желба му било кога ќе наполни 10 години заедно со татко му да се качи на Мон Блан, планина во Алпите со највисок врв во Западна Европа од 4.808 метри.
Вики Клинчарова

Поврзани новости