Спасовски: Нема двовластие во МВР, СЈО не е оневозможено да си ја врши својата работа

by fokus

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, тврди дека со МВР раководи тој и дека во министерството нема двовластие, туку само фракции, кои постоеле отсекогаш. Ова тој го тврди во интервју во емисијата „10 Минути“ на „ТВ21“.

-Ниту во моментов, ниту во кое било време не може да постои двовластие. Со МВР раководи министерот за внатрешни работи и никој друг. Фракции постоеле отсекогаш, имате фракции кои се блиски до министерот, до некој од директорите и кога раководи една политичка партија. Меѓутоа, најважно од сè е што во иднина ова министерството мораме да го професионализираме, да го ослободиме од партиските притисоци, ако сакаме да ги остварува интересите на граѓаните. Така што, верувајте, во овој момент далеку е постабилно и попрофесионално министерството отколку во периодот кога самите го нарекуваа место МВР, МВРО, вели Спасовски.

Министерот рече и дека фракциите во МВР, кои не му се блиски нему, не ја опструирале во голема мера истрагата на Специјалното јавно обвинителство, а специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим во ниту еден момент не биле оневозможени да си ја вршат својата работа.

Поврзани новости