Операторите го одложија најавениот прекин на реемитување на домашните и странските телевизиски канали откако нивни претставници обединети во Здружението на информатичко-комуникациски технологии се сретнале со премиерот Оливер Спасовски, придружуван од министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.
Како што наведуваат во соопштението од владината прес служба, ова е постигнато со оглед на можностите што се гледаат за скорешно изнаоѓање решение.
-На средбата е разговарано за сите аспекти што произлегуваат од измените на Законот за аудио и аудивизулени и медиумски услуги, стои во соопштението. Констатирано е дека постојат можности да се дојде до заедничко решение во скоро време, како и свестност од сите страни за решавање на прашањето, согласно интересот на државата и на граѓаните.
Прекинот на реемитувањето на сите домашни и странски ТВ канали беше најавен за 2 март на полноќ, со исклучок наканалите на јавниот сервис МТВ1, МТВ2 и собранискиот канал.