Рочиштето за случајот „ТНТ“, што се води за бесправно рушење на комплексот Космос, се одложи бидејќи една од обвинетите имала обилно крварење.
Адвокатката на обвинетата Александра Димитриевска Аврамовска утрово добила повик од сопругот дека обвинетата била пренесена во приватна болница со обилно крварење.
На денешното рочиште требаше да бидат сослушани тројца сведоци, а адвоктот Мерџан Даути требаше да добие симултан превод.
Претходно Даути побара од судот на албански јазик да се преведе целиот предмет за случајот „ТНТ“, а судијата Огнен Ставрев ја информираше јавноста дека испратил известување до Адвокатската комора со барање за дисциплинска постапка, бидејќи според него адвокатот сакал само одолговлекување на постапката.
Судијата посочи дека судењето ќе продолжи во фазата каде што е стигната, а отсега адвокатот ќе добие симултантен превод на рочиштата, но нема да бидат преведени материјалите кои досега биле изведени на околу 40 судски рочишта.
За предметот „ТНТ“, обвинет е екс премиерот Никола Груевски, кој според обвинението наредил да му биде уништен со експлозив комплексот „Космос“ на Фиат Цаноски, затоа што во 2011 како лидер на ПЕИ и пратеник ја прекина коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.
Во овој предмет обвинети се и Миле Јанакиески како координатор на целата акција на незаконското уривање, ексградоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски како логистика, Елизабета Најдовска и други обвинети од Општина Гази Баба.
Ф.Ф.С.