Се одложи судењето за „Насилство во Центар“

by fokus

Денешното рочиште за случајот „Насилство во Центар“ се одложи бидејќи претседателот на судот, Иван Џолев не бил во можност да одлучува по барањето за изземање на судијата Душан Јосифов што го побара одбраната.

Адвокатите на Никола Груевски и на останатите обвинети побараа изземање на судијата Јосифов, но и на претседателот на судот и неговиот заменик, како и на претседателот на апелација неговиот заменик, поради како што појаснија изјавата на Специјалната обвинителка Катица Јанева, која неодамна посочи дека има и судии.

Наредното рочиште е закажано за 1 јуни, кога исказ треба да дадат неколку сведоци.

В.В.

Поврзани новости