Вработен во обезбедувањето ќе одговара кривично оти не презел ништо додека девојчиња тепаа соученичка

by fokus

Против трите малолетнички кои учествуваа во тепачката во неготинското основно училиште „Гоце Делчев“ е поднесено известување до Основното јавно обвинителство поради сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Полицијата поднесе и кривична пријава против вработен во обезбедувањето во училиштето кој тој ден бил на смена.

31-годишниот Р.А., лице од обезбедувањето на училиштето, ќе одговара за кривично дело „несовесно работење во службата“.

„Имено пријавениот на 11.04.2018 година, на работното место обезбедување на училиштето од агенција за обезбедување “SOS”, не ги извршувал дејствијата за кои бил должен да ги извршува“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Трите малолетни лица кои учествуваа во тепачката се на возраст од 13, 14 и 15 години и сите три се од Неготино, ученички во Основно училиште “Гоце Делчев”. Како што велат од училиштето малолетничките кривичното дело го сториле во два наврати на 11.04.2018 година при што физички нападнале 14 годишна ученичка од истото училиште и нанеле телесни повреди.

Поврзани новости