Се одложи “Рекет”, се разболеа адвокатите на Јанева

by fokus

Денешното рочиште за случајот “Рекет” се одлага, бидејќи во судница не се присутни адвокатите на обвинетата Катица Јанева. Дељо Кадиев е отсутен поради болест, а исто известување до судот доставила и Ирена Фрчковска.

-На 15 јануари е стигнато барање за одлагање, бидејќи адвокатот Кадиев е на болничко лекување. Денеска стигна барање и од адвокат Ирена Фрчковска исто така за одлагање, која исто така била болна, но за разлика од Кадиев, нема доставено документација, рече судијката Васка Николовска Масевска.

На денешното рочиште требаше да сведочи обвинителката Лиле Стефанова

Наредното рочиште е одложено за во четврток.

Стефанова ја води истрагата за случајот „Империја“, во кој еден од осомничените е бизнисменот Орце Камчев, кој пак го пријави случајот „Рекет“ како оштетен. Тој, наводно, според обвинението за „Рекет“, дал 1,5 милиони евра мито на обвинетите Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец, за да запре кривичниот прогон против него.

Обвинителката Стефанова неколку пати појасни дека „поволностите“ кои ги добил осомничениот Камчев, односно укинувањето на притворот и враќањето на пасошот, се дадени од шефицата на СЈО, Катица Јанева, исто така обвинета во “Рекет”.
Таа обелодени и дека Јанева барала случајот „Империја“ и „Поштенска банка“ да завршат со спогодба, без затворски казни за осомничените.

-На 16 април 2019 година, во канцеларијата на Катица Јанева беше одржан состанок на кој таа изнесе одредени одлуки пред присутните обвинители, а кои се однесуваа на дејствија во предметите „Империја“ и „Поштенска банка“. Конкретно, нѝ беше наложено, најдоцна до 06 мај 2019 година, до неа да доставиме писмени извештаи за штетата во двата предмета кои осомничените траба да ја платат на државата, по што предметите „да бидат тука затворени“ и осомничените „да не одат во затвор“. Меѓутоа, јас и обвинителот Бурим Рустеми изготвивме писмени извештаи во кои покрај износите на штетата, ги наведовме и  можните затворски казни согласно Кривичниот законик во случај на спогодување со јавниот обвинител. Дополнително, за предметот „Империја“ потенцирав дека е во многу рана фаза за евентуално спогодување и дека истрагата треба да продолжи во следниот период, рече неодамна обвинителката Стефанова.

По Стефанова, е предвидено да сведочи и обвинителот Бурим Рустеми, кој исто така беш дел од тимот на СЈО.

Валентина Вурмо

Поврзани новости