Дополнително ќе биде соопштено кога ќе се одржи оваа манифестација, а ќе зависи од тоа кога ќе биде повлечена одлуката, односно препораката за неодржување на манифестации, со цел превенција од ширењето на коронавирусот.

Од „Битолски весник“ ги известуваат сите оние кои купиле влезници за вечерва истите да ги чуваат затоа што ќе важат за новиот датум на одржување на манифестацијата.

Во изминатите два месеци над 120 битолчнаи конкурираа за едно од признанијата.

Ќе се избираат најуспешните битолчани, кои со своите успеси и резултати во 2019 година се афирмирале себеси, но ја афирмирале и Битола во неколку категории: образование, наука, невладини организации, стопанство, занаетчиство, политика, естрада, здравство, култура, а ќе бидат доделени и наградите „Ајри Демировски“ во во чест на авторот на песната „Битола мој роден крај“, за животно дело и трајни вредности. Годинава по втор пат ќе биде доделена и највискокото признание на манифестацијата, „Гран при“, која минатата година ја освои адвокатот Тома Фила.