651
Еден килограм и 131 грам златен накит и 12 рачни часовници биле откриени на скопскиот аеродром „Александар Велики“ кај македонски државјанин кој допатувал од Истанбул.
Во соопштението од Царината се вели дека во внатрешноста на личните работи на патникот, во чевлите и во панталоните, и во кутија за лекови се пронајдени повеќе кесички со накит и часовници, додека при извршениот личен претрес, во внатрешен џеб од панталоните и во џеб од неговата кошула, пронајдени се уште неколку кесички со златен накит, меѓу кои 163 прстени, 33 алки, 33 синџирчиња, 46 приврзоци, 66 обетки, три игли за кравата и 12 рачни часовници.