Продолжува трендот на намалување на бројот на активни ковид случаи во државава. Според вчера објавениот извештај на Институтот за јавно здравје, активни се 1.351 случај од кои најголем број – 715 се во Скопје.
При направени 2.669 тестови, регистрирани се 149 нови случаи со КОВИД-19, еден починат и 223 оздравени пациенти.
Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 307.654, бројот на оздравени пациенти е 297.059, а на починати е 9.244.
Препораките на Комисијата за заразни болести за укинување на задолжителното носење на маски во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, домовите кои згрижуваат постари лица, аптеките и јавниот превоз, се очекува деновиве да бидат разгледани од Главниот координативен кризен штаб, а откако ќе бидат усвоени од сите членови ќе бидат ставени на седница на Владата.