Се надевам Трајанов нема да стане заложник на Апасиев како Мицкоски, вели Ковачевски

by Fokus

Одлуката која што ја донесе Демократскиот сојуз не претставува никакво нарушување на силината и стабилноста на владиното мнозинство, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски откако вчера партијата на Павле Трајанов соопшти дека во иднина ќе дејствува како опозиција.

Сепак Ковачевски вели дека го радува тоа што ДС кажа дека останува на европскиот пат и поддршката на такви одлуки.

„Досега не можеше да се види во пракса освен декларативно, бидејќи видовме и вчера дека пратеникот на ДС не го гласаше Договорот за Фронтекс. Ќе има можност во иднина своите декларации да ги покаже во пракса. Тој уште во петокот го најави тоа во разговорот со мене.

Се надевам дека како искусен политичарот господинот Трајанов нема да се доведе во ситуација да стане заложник на Апасиев како Мицкоски“, рече Ковачевски при посетата на село Ресава и традиционално закројување на лозје.

Поврзани новости