1K
Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов предвидува дека бугарското вето за преговарачката рамка ќе претставува „студен туш“ за земјава.
– Се надевам дека овој студен туш ќе ги натера да ги напуштат илузиите, да се свестат и да седнеме на маса и со искрен дијалог како луѓе кои имаат заедничка историја и зборуваат на истиот јазик. Очекувам да биде така. Ако не – нема проблем, ние не брзаме. Тие 28 години спореа со Грција. Ние сме подготвени за толку долг разговор, изјави Каракачанов.