Се јави Кастриот Реџепи: На сигурно сум, Касами да не се грижи

by fokus

Пратеникот Кастриот Реџепи кој денеска не дојде во Собрание и не го обезбеди потребното мнозинство за кворум на опизициските партии за да се гласа недоверба на Владата, попладнево објави видео обраќање на својот Фејсбук профил.

Обраќањето беше само на албански јазик, а меѓудругото на тој му испрати порака на лидерот на неговата партија, Беса, Биљал Касами дека е на сигурно и да не се грижи.

-Претседателот Биљал Касами и останатите во Беса немаат потреба да бидат загрижени, јас сум добро и на сигурно, јас сум со Албанците и со сите граѓани на државата кои сакаат мир, слобода и просперитет во земјата и продолжување на НАТО и ЕУ курсот. Имам извесни закани од некои лица, но откако тоа ќе биде минато ќе се појавам пред медиумите. Да се ангажираме сите за добро на државата, народот и демократијата, на сите, Албанци, Македонци и сите други кои живеат во Северна Македонија. Се гледаме наскоро. Ви благодарам, порача Реџепи.

Опозицијата откако се дозна дека го нема Кастриот Реџепи од Беса во Собранието, а се потпишал на иницијативата за гласање на недоверба на владата ја обвини власта дека му вршела притисоци и дека дури е киднапиран. Координаторот на СДСМ пак Јован Митрески изјави дека тие имаат информации дека токму ВМРО-ДПМНЕ му правеле притисоци.

Поврзани новости