17-годишната Василка била во ресторанот во вториот вагон на патничкиот воз кој заврши фатално откако се судри со товарен воз во близина на Лариса во Грција минатиот вторник. Таа патувала со своето момче и по сударот успеале да се спасат наоѓајќи дупка во вагонот низ која излегле. Василка вели дека возот бил полн со млади луѓе. Се чувствува бесна и вели дека се срами што преживеала.
„Одевме за Солун. Бевме во ресторан кога дојде до експлозија и несреќа. Се паѓаше над нас, најдовме дупка и излеговме низ неа. Што да кажам за децата кои беа внатре. Се срамам и се извинувам што преживеав”, рекла девојката, пренесува Прототема.
Василика додаде дека „се срами што живее во оваа земја, што никој не излегува и не се извинува“.
„Осум дена не спиев, како да спијам? Никој не се извинува за несреќата, како ќе оздрават семејствата кои ги загубија своите најблиски?“, прашува таа.