Вучиќ: Не ми паѓа на памет да потпишам капитулација на Србија

by Fokus

Сигурен сум дека Курти е одлучен да не формира Заедница на српски општини, а тоа го покажува и одлуката на Советот на ЕУ да го укине визниот режим за граѓаните на т.н. Косово – рече претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

-Немаме ништо против тоа. Но моментот во кое ова се случува покажува дека не се спремни да извршат притисок врз Курти, туку го охрабруваат, во тоа е проблемот, а не во содржината на одлуката – порача српскиот претседател по денешната средба на специјалниот известувач на ЕУ, Мирослав Лајчак со официјални лица на Косово во Приштина.

Моментот во кој се наоѓа Србија, рече Вучиќ, е најтежок до сега.

-Немаме ни 10 метри простор каде да поминеме, опколени сме со НАТО. Не би можеле да довлечкаме воена опрема која би ја платиле. Во ситуација кога беснее војна во Украина, никој не сака да ги разбере околностите во кои се наоѓа Србија. Ние Србите сакаме да се правиме како ништо да не се случило во 1999, 2004 и 2008 година, но за жал се случија многу лоши работи. Луѓето во Србија треба да знаат дека никој од државното раководство, ниту јас, ниту било кој друг, напишал некаков план, го напишаа западните моќници од Германија и Франција, а Америка ги поддржа – порача тој.

Тој повтори дека Србија никогаш нема да се согласи со влез на Косово во Обединети нации.

-Не ми паѓа на памет да потпишам капитулација на Србија. Го знам секој детаљ од планот, секоја ситница. Знам колку е лош, но мораме да ги разбереме околностите и затоа мораме да останеме во разговорите – додаде тој.

Поврзани новости