Се излеаја Вардар и Црна Река

by fokus

Поради топење на снежната покривка дојде до излевање на Црна Река и Вардар од своите речни корита во нивниот горен тек, информира Центарот за управување со кризи.

Излевање има во горниот тек на Река Црна на повеќе места по должината на речното корито (нерегулирано корито) во атарот на селата: Граиште, Единаковци, Света и Бучин во општина Демир Хисар.

Реката Вардар е излеана кај с.Форино и постои опасност да бидат поплавени повеќе куќи.

-Известени се општина Гостивар, ДЗС Гостивар и ТППЕ – Тетово. Стапено е во контакт со хидроцентралата Вруток за да се побара намалување на производството на електрична енергија затоа што водите од акумулацијата влијаат на покачување на нивото на водата, се вели во соопштението на ЦУК.

По барањето, хидроцентралата Вруток го запре целосно производството на електрична енергија и се очекува нивото на водата да се намали.

Излевање има и во гостиварско на каналот кој поминува низ селото Тумчевиште каде е испратена екипа за санирање на каналот.

Фотографија: архива

Поврзани новости