„Се издава“ – клучен натпис на македонските дуќани

by Фокус

Доволно е да прошетате само десетина минути низ било кој од трговските центри во Скопје, за да го забележите натписот „СЕ ИЗДАВА“ на секоја трет дуќан.

Денеска прошетавме низ трговскиот центар Буњаковец. Дури и оние дуќанџии кои работеа, ни велеа: „Слободно можете да го изнајмите и нашиот дуќан, и ние ќе го издаваме брзо“. На вториот кат од трговскиот центар речиси и да нема дуќан што работи.

„Се издава мојот дуќан и уште три други, малку подолу. Цената е од 100 евра па нагоре, најмногу до 200 евра. Тоа е, жив човек не влегува по цел ден, не се исплати да го држиме“, беше коментарот на сопствениците на дуќаните.

За тоа како изгледа македонската реалност и развојот на малите бизниси, доволно говорат фотографиите.

 

Поврзани новости