МВР: Врз новинарот од „Лајм“ не беше употребена прекумерна сила

by Фокус

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР излезе со соопштение во врска со апсењето на новинарот од весникот на албански јазик „Лајм“ Бесим Ибрахими за време на протестите против пресудата за случајот „Монструм“.

Соопштението на МВР го пренесуваме во целост:

Заради проверка на наводите е извршен увид во целокупните службени материјали,при што е утврдено дека на ден 05.07.2014 година во 15.20 часот од страна на полициски службеник било лишено од слобода лицето Б.И. поради основано сомнение дека го нарушило ЈРМ со учество во толпа.

При приведувањето употребена е физичка сила за што е изготвен Извештај за употреба на средства за присилба или огнено оружје. Лицето немало никаква новинарска легитимација, ниту какво било обележје дека работи во некој медиум. По приведувањето тој бил предаден во ПС ОН Кисела Вода на лицето за прихват. Од страна на одговорниот изготвен е записник за задржување на лице и на Б.И. му се овозможени сите права.Записникот уредно е потпишан и од страна на лицето кое ги изнесува обвинувањата по медиумите. Во записникот не е наведена никаква забелешка од страна на Б.И. Токму разговорот со Б.И. е воден во присуство на адвокат. Исто така лицето ги потпишало и записниците за привремено одземени и вратени предмети. Меѓу нив биле ремен, часовник, очила за сонце и два мобилни телефони.

За време на задржувањето и превземање на мерки за расчистување на настанот во ПСОН Кисела Вода биле присутни тројца јавни обвинители кои давале насоки за постапување на инспекторите од Одделението за насилен криминал. По документирање на настанот против Б.И. е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело Учество во тоолпа што ке спречи службено лице во вршење на службено дејствие предвидено и казниво по член 384 од КЗ на РМ и во  14,00 часот на 06.07.2014 година е предаден на судијата во претходна постапка. Судијата во претходна постапка согласно Законот за кривична постапка е надлежен за контрола на спроведеното задржување на И.Б. и истиот немал никакви зебелешки.

Според погоре наведеното Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди цени дека известувањето пуштено во јавните медиуми е неосновано. На лицето И.Б. му се овозможени сите права на задржано лице и над него не е употребена прекумерна физичка сила или средства за присилба.

Поврзани новости