Се истепале по завршување на свадба на булеварот „Борис Трајковски“

by fokus

Синоќа по полноќ, по завршување на свадба доло до масовна физичка пресметка помеѓу повеќе лица за кои ќе следат соодветни поднесоци.

„На 16.08.2019 во 00,17 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот “Борис Трајковски“ пред угостителски објект по завршување на свадбената прослава дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу лицата: М.С.(22), С.С.(29), К.Д.(31), С.Ф.(21), С.Р.(53) и С.А.(40) и едно лице на возраст од 17 години сите од Скопје од едната страна и лицата М.С.(30), А.М.(28), С.М.(75), М.Ф.(55), А.У.(24) и Ј.М.(33) сите од Скопје од другата страна. Сочинети се записници за констатиран прекршок по чл.11 ст.3 од ЗППЈРМ“, велат од МВР.

Поврзани новости