394
Фанови на Лацио и Олимпик се степаа на улиците на Марсеј пред дуелот помеѓу двата тима од групната фаза на Лигата на Европа.
Тројца приврзаници се повредени, од кои двајца се навивачи на „орлите“, а еден на Олимпик, соопштува „Ла Провенс“. Француската полиција интервенираше и со солзавец ги растера двете групи.
Причината е перцепцијата за идеологиите на навивачите кои се крајно спротивставени. Приврзаниците на Лацио се познати по фашистички изјави, додека оние на ОМ се антифашисти.
Пред нивната посета на Марсеј, „лацијалите“ најавија дрес код, а сите фанови на тимот треба да се облечени во црно.