„Се гледамо на црвен тепих“ – Самир Љума објави релаксирано видео пред свеченоста

by Fokus

Македонскиот хит „Медена земја’“ вечерва претендира за две награди на доделувањето на Оскарите – Најдобар документарец и Најдобар странски филм.

Филмската екипа е во Лос Анџелес каде се подготвува за големата свеченост, а еден од кинематограферите – Самир Љума – објави кратко видео на Facebook во кое релаксирано си подготвува вечера и порача: „Припрема за Оскари. Ајде чао, се гледамо вечер на црвен тепих“, на неговиот тетовски дијалект.

Режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, кинематограферите Самир Љума и Фејми Даут и продуцентот и монтажер на филмот Атанас Георгиев, заедно со ѕвездата на „Медена земја“, Атиџе Муратова, ги очекуваме на црвениот тепих за неколку часа пред Театарот Долби во Лос Анџелес.

Поврзани новости