443
Во изминатиот час, полицијата ги евакуираат жители од Дива населба во Куманово, каде денеска се одвива полициска акција против, како што извести МВР, вооружена терористичка група, која е позиционирана во куќите.
Полицијата им помага на жителите да се засолнат, како и на медицинските екипи да стасаат побрзо до повредените полицајци.
Во моментот се уште трае полициската акција, а од МВР посочија дека наскоро ќе оддржат нова прес-конференција за јавноста. На првата прес -конференција, портпаролот на МВР, Иво Котевски, не откри колку припадници на безбедносните сили и цивили се повредени, а не откри ниту дали има загинати, како што шпекулира јавноста.