Општинските комитети на ДПМНЕ се спремаат за протести на Бихачка?

by Фокус

Во општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ се собираат членовите и симпатизерите на партијата, кои според неофицијални информации на „Фокус“ планираат во текот на денот да протестираат пред седиштето на опозицискиот СДСМ.

Во моментов во близина на штабот на опозициската партија на Бихачка се собираат кордон полицајци, но мора да нагласиме дека, исто така, во близина на седиштето на СДСМ е и Министерството за внатрешни работи.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес -конференцијата беше прашан дали имаат сознанија дека од општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ се спремаат за контра- протести пред нивното седиште. Заев истакна дека, ако такво нешто се случи, ќе се докаже мрачното сценарио што го спрема власта.

-Се надевам дека тоа не е така. Ако е така, тоа е само потврда за мрачно сценарио што се спрема во Мкаедонија – истакна Заев.

Целата ситуација настана во раните утрински часови, откако криминална банда, која пред неколку денови нелегално влегла во земјава се судриле со полицијата во Куманово. Се шпекулира дека во престрелката има загинати и повредени цивили, но од МВР не потврдија, ниту пак кажаа за колкава бројка се работи.

Поврзани новости