Се чисти просторот под Железничката станица во Скопје

by fokus

Инспекторатот на град Скопје го задолжи ЈП Комунална Хигиена просторот под Железничката станица да биде целосно исчистен.

Известени се Центарот за социјални грижи и Инспекторатот на општина Аеродром – градежна инспекција за отстранување на изградените импровизирани живеалишта бидејќи Инспекторатот на град Скопје нема надлежност да отстранува градби и згрижува луѓе.

Очекуваме брза реакција од надлежните институции.

Поврзани новости