61
Шеесет и седумгодишниот Ацо Трпковски, матичен лекар од поликлиниката „Железара“ кој беше пронајден избоден до смрт во својот автомобил, денеска беше погребан, но неговиот убиец и натаму не е пронајден.
Од обвинителството велат дека се чекаат резултатите од обдукцијата.
-МВР работи на откривање на сторител, во координација со јавен обвинител. Се очекува и наодот од обдукцијата, велат од Обвинителството.
Во знак на протест, во понеделник од 12 до 16 часот матичните лекари нема да работат.