Се чека идентификација на девојчето од видеото во Виена: Полицијата трага по двете Романки

by Fokus

Амбасадорот на Србија во Виена, Марко Благојевиќ во утринската програма на ТВ Прва изјави дека српската амбасада се уште нема добиено информација дека детето од видеото е идентификувано.

„Сите информации што ги добиваме ги споделуваме со Министерството за внатрешни работи на Србија и Министерството за внатрешни работи на Австрија. Наша работа беше да ја подигнеме будноста на нашите граѓани во Австрија за да ги информираме дека потрагата по Данка Илиќ се префрла на територијата на Австрија. Благодарни сме што имаше снимка од дете кое личи на Данка која е киднапирана, очекуваме да биде идентификувана и мислам дека сите треба да се посветиме на тоа“ рече Благојевиќ.

Потрагата по малата Данка се прошири и во Австрија. Полицијата трага по двете Романки со кои беше снимено мало девојче, коа пак многу наликува на двегодишната Данка од Бор.

Поврзани новости