Се чека Груевски за да се потпише договор за избори

by fokus

По изборот на петтиот член во ад-хок телото за медиуми, партиите ја тргнаа и последната пречка за одржување избори наесен.

Откако ВМРО-ДПМНЕ и ДПА се повлекоа од преговорите за овој член, СДСМ и ДУИ се договорија тоа да биде Љузмим Хазири, дописникот на МТВ од Гостивар.

По овој напредок, се очекува во секој момент на лидерската средба да се врати Никола Груевски, по што ќе се потпише договор за одржување избори на 11 декември.

Доколку лидерите го договорат овој изборен датум, парламентот треба да ја изгласа и новата техничка влада до петок.  Преодната влада ќе биде во ист формат како и претходно, односно опозицијата ќе назначи министри во МВР и во труд и социјална политика, како и заменик-министри во финансии, земјоделство и информатичко општество и администрација.

Поврзани новости