Се бранел со молчење 20-годишникот кој застрела две лица на Врачар во Белград

by Fokus

Немања Ѓ (20) денеска беше сослушан во Вишото јавно обвинителство во Белград поради сомнение дека на 22.05.2023 година на ул.„Максим Горки“ со истрели од пиштол им нанел тешки телесни повреди на А.П. и македонскиот државјанин Д.Л (21).

Во текот на рочиштето, осомничениот се бранел со молчење, односно го искористил правото да не изнесува одбрана.

Обвинителството по рочиштето му предложи на судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Белград, на Немања Ѓ. да му определи мерка притвор за да не се влијае врз сведоците и да не се повтори кривичното дело за краток временски период и поради нарушување на јавноста.

Осомничениот се товари за сторени кривични дела тешко убиство во обид и недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи.

Немања Ѓ. е осомничен дека истрелал најмалку четири проектили од непосредна близина кон А.П. и му нанел тешки телесни повреди.

Како резултат на испукан проектил во правец на А.П. проектилот го погодил Д.Л., кој исто така се здобил со тешки телесни повреди.

После тоа, пријавениот побегнал од местото на настанот во правец на улицата Чубурска, но полицијата набрзо го пронашла и го лишила од слобода.

Поврзани новости