Барса „раскина“ со последниот член на трофејната генерација

by Fokus

Жорди Алба ја напушта Барселона на крајот од оваа сезона! Каталонскиот клуб и дефанзивецот се договорија да ја прекинат соработката, една година пред истекот на договорот.

34-годишниот шпански дефанзивец пристигна на Камп Ноу во 2012 година од Валенсија, а со Барселона шестпати ја освои Ла Лига, петпати Кралскиот куп и во 2015 година – Лигата на шампионите.

Токму Алба беше последниот член од трофејната генерација на каталонскиот тим, кој седна на европскиот трон. Тој забележа 458 настапи, а имаше голем придонес оваа сезона во освојувањето на шпанското фудбалско првенство.

По капитенот Серхио Бускетс, заминува и дефанзивецот кој остави длабока трага во каталонскиот тим:

„Барселона сака јавно да ја изрази својата благодарност до Алба за неговиот професионализам, посветеност и неговиот секогаш позитивен и пријателски однос со сите членови на семејството и му посакува се најдобро во иднина. Барса секогаш ќе биде ваш дом“, стои во емотивното соопштение на каталонскиот клуб на официјалниот сајт.

Поврзани новости