497
На лицата кои влегуваат во Бугарија од земјите од „црвената зона“ се бара PCR тест заради можно пренесување на Ковид-19, изјави денеска главниот државен здравствен инспектор Ангел Кунчев.
Доколку на пограничните власти не им се достави негативен тест, направен до 72 часа пред влезот во Бугарија, лицата ќе бидат ставени под 10-дневен карантин.