Се бара оставка од бугарскиот министер за здравство

by fokus

Бугарската социјалистичка партија објави дека министерот за здравство во привремената влада, Стојчо Кацаров, не се снаоѓа добро на функцијата и мора да поднесе оставка.

Според Корнелија Нинова, јави дописникот на МИА од Софија, вакцинацијата е доброволен чин и секој што сака може да го стори тоа. Вакцината ќе помогне да се ограничи ширењето на болеста и да спаси животи. Во исто време, според Нинова, не треба да се ограничуваат уставните права на граѓаните на Бугарија. Воведувањето на техничката влада во Бугарија на „зелениот сертификат“ на овој непромислен начин е неприфатливо и не функционира, се вели во ставот на Извршното биро на БСП.

Раководството на партијата смета дека овие мерки се применуваат во европските земји, каде што висок процент од населението е вакцинирано, но не се применливи за Бугарија.

Поврзани новости