Евроамбасадорот Гир му го предаде извештајот на ЕК на претседателот Пендаровски

by fokus

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими шефот на делегацијата на Европската Унија во земјава, амбасадорот Дејвид Гир, кој му го предаде извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Северна Македонија за 2021 година.

Претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, изрази задоволство што Европската Комисија повторно го констатираше напредокот на Република Северна Македонија во исполнувањето на потребните реформи и во извештајот ја реафирмираше подготвеноста на државата за почеток на пристапните преговори за членство во Европската Унија.

Претседателот Пендаровски изрази очекување за скорешно усвојување на преговарачката рамка од страна на Советот на ЕУ и закажување на првата Меѓувладина конференција помеѓу Европската Унија и Северна Македонија која ќе го означи почетокот на пристапните преговори, согласно препораките на Европската Комисија.

На средбата, соговорниците разговараа за клучните оценки во извештајот, којшто според претседателот Пендаровски претставува објективна слика за состојбите во државата.

Поврзани новости