Се бара место плус во хотелот на Адора на Златибор

by Fokus

По одличниот старт на зимската сезона, новиот апарт хотел 21st Century Zlatibor Residence, SPA & Wellness by Adora, продолжува да работи со полна пареа. Со околу 300 посетители, комплексот минатата недела бил исполнет до последното место, за празниците Свети Трифун и Валентин и продолжениот празничен викенд, кога во Србија се славеше државниот празник „Сретење“.

Photography for Adora 21st Century Zlatibor
Photo by Vase Amanito
copyright © 2023 Vase AMANITO, All rights reserved

Според рецензиите кои можат да се видат на booking.com, големата посетеност на хотелот Адора на Златибор, пред сè се должи на неговата оригинална привлечност, поволните цени, високиот квалитет што го добиваат гостите и новите стандарди што тој ги нуди. За повеќе информации од прва рака, се обративме кај хотелскиот менаџмент.

„Ексклузивниот хотел 21st Century Zlatibor својот туристички шпиц го имаше од крајот на декември и во текот на јануари, како и на средината од февруари. Нашите гости претежно се од регионот, покрај домашните од Србија, имаме од БИХ, Црна Гора и Македонија. За посетителите секогаш имаме специјални промо пакети, кои се издвојуваат од туристичката понуда на Златибор и со новите уникатно дизајнирани содржини во екстериерот и ентериерот. Најпривлечни се СПА центарот со базенот со солена вода, кој се покажа како најдобра алтернатива за уживање „море на планина“, кога нема снег и култниот ресторан Gatsby, кој со врвната гастрономија е достапен за сите посетители на Златибор“- ни изјави Иван Вуксановиќ, генерален менаџер на 21st Century Zlatibor, кој ни раскажа дека најголемите хедонисти уживаат во џакузи на терасите на кровот од комплексот, со прекрасен поглед кон златиборските планини и со шампањ покрај топлите камини во пентхаусите.

Покрај уживање во хотел со ранг од 5+ ѕвезди, 21st Century Zlatibor by Adora, нуди ретка можност за остварување профит преку купување инвестициски, комплетно опремени апартмани.

Сопствениците на апартманите одмораат тука кога ќе посакаат, а во остатокот од времето, тие може да го издаваат на гости, преку Adora Hospitality Group, што ќе им донесе годишен приход до 8 % од цената на апартманот.

Во овој автентичен бутик хотел, кој е совршено вклопен во природниот, идиличен амбиент во срцето на Златибор, близу до сите негови атракции, има уште само неколку слободни апартмани за продажба.

Поврзани новости