511
За две лица од Дебар, обвинителството му предложи на судот да им изрече парична казна во висина од 10 до 100 дневни глоби, односно и на двајцата по 1000 евра.
За нив се бара казна бидејќи сториле кривично дело според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Двајцата во одвоени случаи биле забележани како се движат низ градот во период од 21 часот до 05 часот, во време кога на сила е полицискиот час.