Се анализира рекордниот број новозаразени, засега нема рестрикции

by fokus

Здравствените институции прават детална анализа на епидемиолошките податоци од прашалниците за да се утврди точно начинот на трансмисија на вирусот Ковид-19 во повеќе градови во државава, откако беа регистрирани рекордни 225 новозаразени.

По вонредниот состанок на Комисијата за заразни болести министерот за здравство Венко Филипче информираше дека врз основа на деталната анализа на епидемиолошките податоци од прашалниците ќе се знае дали се потребни некакви мерки кои што би ги препорачале понатаму до Владата. Засега не се размислува за враќање на мерките за ограничено движење на граѓаните.

-Уште еднаш апелирам до сите граѓани да се почитуваат мерките. Очигледно дека сме пред почеток на една новонастаната есенска ситуација, којашто ја очекувавме. Ќе има дополнителни мерки доколку има зголемен број заразени. Но, точната анализа на епидемиолошките прашалници ќе ни укаже на тоа која од мерките треба да ја препорачаме и во кој временски период, изјави Филипче.

Поврзани новости